Ураганот Мајкл еден од најсилните кои некогаш ги погодиле САД, остави пустош зад себе. За последиците од временската неприлика, која ги погоди Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, најдобро покажуваат снимките направени пред и по ураганот.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, брегот на Мексико Сити е целосно уништен по изливањето на морската вода.


Не поминаа добро ни околните шуми. Дрвата се главно прекршени и навалени, по налетот на ветровите кои дуваа со 249 километри на час.

Ураганот Мајкл усмрти 18 луѓе, но се стравува дека таа бројка на жртви ќе продолжи да расте.