Три силни експлозии одекнале во близината на американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад. Според извештаите, три гранати ја погодиле утврдената „зелена зона“ каде што се наоѓа седиштето на ирачките власти, но од ирачката армија соопштија дека гранатите експлодирале на напуштена локација.
При нападот немало жртви и немало посериозна материјална штета. По нападот се огласија и официјални лица од САД, коишто соопштија дека будно ги следат извештаите за експлозиите и дека вработените во амбасадата преземеле мерки за зголемена внимателност.
Овој напад, од засега се уште неидентификувани напаѓачи, доаѓа во време на насилни протести во јужниот ирачки град Басра. Деновиве, милитантните групи од регионот објавија заедничко соопштение во кое се заканија со напади на „локации од странски интерес“ во Ирак.
„Зелената зона“ е строго обезбедено подрачје коешто често беше мета на минофрлачки и бомбашки напади за време на бунтот против САД. Сепак, последниот таков напад се случи кон крајот на 2015 година.
Series of explosions near #US Embassy in Green Zone in #Baghdad now, the security forces are dealing with the incident as per reports. #Iraq pic.twitter.com/Y45uI6SaEJ
— Lawk Ghafuri (@LawkGhafuri) September 7, 2018
Comments are closed for this post.