Франција, Холандија и Данска останаа ладни за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, и покрај препораките на ЕУ да започнат процес со Албанија и со Северна Македонија, ја објави денес Алнаниан њуз сторијата на Јуроњуз направен од груа европски новинари. Тие имаа и интервју со албанскиот премиер Еди Рама.
Рама изрази жалење за ситуацијата: „Мора да се соочиме со тоа што сè повеќе одлучувањето на Советот не се заснова на она што го правиме, на она што го прават земјите како нас, туку на внатрешната состојба или внатрешната политичка динамика во различни земји-членки “.
Едно ново истражување покажа дека европското јавно мислење беше главно ладно кога станува збор за новите соседи – се зголемуваат стравувањата од странска имиграција откако Бугарија, Романија и Хрватска се приклучија кон блокот. Надвор од јавното мислење, сè уште има многу пречки за надминување пред новите надежи да можат да се приклучат на клубот.
„Постојат области каде албанските институции како целина, треба да продолжат да работат: борба против корупцијата – тоа е секојдневна борба – борба против организираниот криминал, трговијата со дрога ја менува кожата“, рече амбасадорот на Европската унија во Албанија, Луиџи Сорека.
И покрај бариерите, пристапувањето во Европа останува важен чекор за Албанија, точка која ја истакна премиерот Еди Рама: „За нас Европа не е едноставно бирократски процес, или не е едноставно клуб на развиени земји во кој сакаме, се надеваме или сонуваме да се придружиме. Европа е она што беше за основачи; првенствено и најзначајно проект на мирот и соработката. Ова е перспектива што може брзо да се задуши доколку Европа не ја отвори својата врата“.
Comments are closed for this post.