Водечките американски технолошки компании изгубиле 162 милијарди долари во понеделникот на тргувањето на Волстрит, при што најголема загуба прокнижи Епл.
Тоа бил најдраматичниот пад на американскиот индекс во 2019 година.
Мајкрософт, Епл, Амазон, Алфабет и Фејсбук, петте највредни американски компании, заедно изгубиле 162 милијарди долари, што предизвика поширока криза на пазарот со акции, меѓу другото и загриженост заради трговската војна на САД со Кина.
Компаниите уште изминатиот петок изгубиле 66 милијарди долари од пазарната вредност, а синоќешниот пад и нивната дневна загуба зголемена е на 228 милијарди долари.
Компанијата Епл во јуни го информираше американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер дека најновите предложени тарифи на САД на кинеските продукти ќе ги погодат „сите главни производи на Епл“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела најави дека од 1 септември воведува царина од 10 отсто на 300 милијарди долари вредниот кинески увоз, со што оневозможи двете земји да постигнат договор околу условите на потенцијален трговски договор.
Comments are closed for this post.