Шкотските гласачи би изгласале независност и сакаат во следните две години уште еден референдум, покажуваат резултатите од анкета објавена во понеделникот, која укажува на тоа како Велика Британија би можела да се раздвои кратко по излез од Европската унија, пренесуваат агенциите.
На прашањето како би гласале на референдум за независност, 46 отсто од 1019 шкотски испитаници рекле дака би гласале за самостојност, а против 43 отсто, покажува анкетата на Михаел Ашкрофт.
Изземајќи ги оние кои изјавиле дека не знаат како би гласале, резултатот би изнесувал 52 отсто наспроти 48 за независнот на Шкотска.
„Открив дека постои мало мнозинство кое е за нов референдум и за независност на Шкотска, прв пат по повеќе од две години“, изјави Ашкрофт, конзервативец кој се противеше на доаѓањето на Борис Џонсон на местото премиер на Велика Британија.
Џонсон, кој должноста ја презема минатиот месец од Тереза Меј, минатата седмица беше исфиркан додека заминуваше на состанок со шкотската премиерка Никол Старџен која од Лондон побара да прифати уште еден референдум.
Во случај на одржување уште еден референдум и изгласување самостојност на Шкотска, тоа би било најголем шок за Велика Британија откако Ирска прогласи независност пред речиси сто години, посебно во време кога Лондон се соочува со можни последици од Брегзит без договор.
Comments are closed for this post.