Шефот на пакистанската дипломатија Шах Махмуд Куреши ја отфрли одлуката на индиската Влада за укинување на уставната автономија на Кашмир, оценувајќи дека тоа претставува кршење на резолуцијата на Обединетите нации.
Куреши за пакинстанската телевизија рече дека нивните дипломати ќе вложат напори индиската одлука да не стапи на сила.
Претседателот на пакистанскиот дел на Кашмир, Сардар Масуд Кан исто така ја отфрли индиската одлука со оценка дека Индија би можела да „влезе во војна“ со Пакистан во таква ситуација.
Владата на Индија претходно објави дека ја укинува уставната автономија на Кашмир, што преставува „експлозивна одлука“ за тој регион во кој со години се бунтува.
Хиндуистичките националистички власти ја донесоа претседателската одредба со која се укинува специјалниот статус на државите Џами и Кашмир, кои беа уредени со индискиот Устав.
Претседателскиот указ веднаш стапува на сила и ќе ги замени членовите за Џами и Кашмир во уставот, посебно членот 370, се наведува во текстот кој го пренесе Владата на оваа азиска држава.
Членот 370 од индискиот Устав се однесува на специјалниот статус на Џами и Кашмир во областите на одбраната, надворешните работи и комуникации, а останатите прашања се под локалното законодаство.
Пред парламентот, исто така, претставен е предлог закон за поделба на регионот. Ладак, источниот дел со будистичко мнозинство, ќе биде одвоен.
Остатокот од Џами и Кашмир, кој подразбира предели со хиндуистичка популација Џами на југ и долината Сринагар со муслиманско мнозинство на северот, ќе го загубат статусот на федеративна држава и ќе добијат статус на „територија на Унијата“.
Тоа значи дека ќе бидат под директна власт на Њу Делхи и нема да имаат речиси никаква автономија.
Comments are closed for this post.