Актерот кој е познат по улогата на водач на Клингонците, Т’Кувма од серијата „Ѕвездени патеки“, Крис Оби (51), уапсен е на аеродромот Хитроу, откако шест млади актерки го обвинија за силување или обид за силување, пренесуваат британските медиуми.
Оби, чие вистинско име е Кристофер Огугу, уапсен е под сомнение дека помеѓу јули 2012 и август минатата година силувал една, а сексуално злоставувал пет млади колешки не постари од 20 години кои кај него доаѓале на приватни часови по глума. Актерот негира, а ослободен е со кауција.
„Обвиненијата ги поднесоа шест жени и се однесуваат на одвоени инциденти кои наводно се случиле на адреса на подрачјето на Нотинг Хил“, соопштуваат од полицијата.
Comments are closed for this post.