Судот нe му го враќа пасошот на Сашо Мијалков за да се лекува во Чешка.
„Во однос на укинувањето на мерката за претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, по добивање на целокупната документација, се обрати до надлежното обвинителство, од каде што е добиено негативно мислење во однос на барањето. Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство, донесе решение со кое барањето го одби како неосновано“, соопштија од Кривичниот суд.
Против ова решение ексдиректорот на УБК има право на жалба до Апелациониот суд во рок од три дена. Претходно, СЈО даде негативно мислење за лекување на Мијалков во странство.
Мијалков е осуден на тригодишна затворска казна во предметот „Титаник 2“, зашто како директор на УБК побарал од лидерот на ДПА Мендух Тачи да му наложи на членот на ДИК Бедредин Ибраими во 2013 година да гласа да се поништи резултат на локалните избори во Струмица.
Comments are closed for this post.