Бугарскиот премиер Бојко Борисов во четврток, доаѓа во Македонија за прославата на Илинден. заедно со премиерот Зоран Заев  ќе се се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Според информацијата во бугарските медиуми Борисов ќе присуствува само на церемонија во црквата Свети Спас и нема да присуствува на Мечкин Камен, а посетата ќе ја продолжи во Дојран каде што се наоѓа обновениот споменик на Константин Каварналиев.

Ова е вторпат Борисов да доаѓа на заедничка прослава на Илинден, и вторпат тоа да го прави ден порано и надвор од Мечкин Камен.