Јапонската компанија Toyo Tires во нарениот период почнува со изградба на фабрика во Инџија на парцела од 60 хектари, најави претседателот на Србија , Александар Вучиќ. Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 390 милиони евра, а ќе се отворат над 500 работни места. По повод потврдата од страна на јапонскиот гигант, вонредна прес конференција одржа претседателот на Србија Александар Вучиќ. Изјави дека преговорите траеле 3 години, а во последната фаза Србија ја победила Полска.
Инвестицијата од речиси 400 милиони евра во првата фаза е 13% од нашите вкупни инвестиции и повеќе од што на годишно ниво има во БИХ, Македонија или Црна Гора. Да ја победите една Полска, да победите повеќе земји во Европа, а Јапонци да одлучуваат е голема работа истака Вучиќ.
Инаку Toyo е светски познат производител на најквалитетни гуми, а работниците земаат плати повисоки од просекот. Годишното производство се очекува да изнесува од 5 до 10 милиони гуми . Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека инвестицијата е голема работа за Србија и потврда за кредибилитетот на Србија како инвестициска дестинација.
Comments are closed for this post.