Полицијата за справување со нереди и демонстрантите се судрија денеска во Хонг Конг додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола во округот Јуен Лонг, јави ДПА.
Демонстрантите во близина на населбата Нан Пин Ваи, историски резиденцијална област, се бранеа со чадори и штитови
додека на други локации кренаа барикади од оградите за пешаци, за да спречат специјалните полициски сили да напредуваат.
Иако им беше фрлен солзавец многу демонстранти се подготвени да останат , опремени со вода, прва помош, шлемови и гас маски.
Полицијата претходно предупреди дека ситуаицјата во Лиен Лонг „се влошува“, додаде ДПА.
Comments are closed for this post.