Посебниот Апелациски колегиум (КПА) го разреши претседателот на албанскиот Врховен суд, Џезаир Загањори,откако откри проблеми во врска со пријавениот имот од негова страна.
Колегиумот соопшти дека приходите на судијата Загањори не го покриваат неговиот недвижен имот, вреден милијарда леки, како и трошоците за петгодишното школување на неговите две деца во Велика Британија и Германија.
Пред една година првостепената комисија за испитување потеклото на имотот на судиите и обвинителите одлучи Загањори да остане во Врховниот суд, на што до КПА жалба поднесе јавниот комесар.
Со неговото разрешување и Врховниот суд, како и Уставниот суд на Албанија, остана само со еден судија.
Пред почетокот на процесот на проверка на потеклото на имотот, наречен ветинг, петмина судии заминаа поради изминат мандат. Меѓу деветте останати судии само четворица ја минаа првата фаза на ветингот, но потоа судијата Едмонд Исмалај, а сега и Загањори, не можејќи да го оправдаат потеклото на имотот што го поседуваат, веќе не се дел од оваа судска инстанца.
Еден од преостанатите двајца судии, Мехди Бици, замина од судот по неговиот избор за член на Високиот судски совет по што во судот остана само судијата Ардиан Дворани.
И Уставниот суд на Албанија, кој не функционира речиси две години, е само со еден судија и тоа со изминат мандат. Од деветте членови ветингот не го минаа останатите осум
Comments are closed for this post.