Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека се е вредно за размислување.
Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот Самит, рече Заев.
Тој забележа дека сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО.
Важно е да се обезбеди иднина на предметите и на СЈО, да не се влијае од страна на политичарите на правниот систем, вели Заев.
Заев потенцираше дека судбината на СЈО и водењето на грижа за правда во нашата земја е највисокиот приоритет на граѓаните.
Comments are closed for this post.