Рашел Леви Друмер е Еврејка со македонското потекло и за Скопје ја врзуваат многу убави но и тажни спомени. За време на земјотресот во 1963 година и загинуваат родителите и вујкото, a таа се спасила бидејќи тој јули далечнта 63-та била на гости кај бабата и дедото во Битола.
Зградата во која живеела Рашел заедно со нејзините родители се наоѓала на улицата Народен фронт близу сегашната Арапска куќа и целата се срушила.
Вели дека животот во Скопје и во Битола бил многу убав и дека немало никаква разлика оти таа е Еврејка . Се сложувале со соседите, имале многу пријатели, а после катастрофалиниот земјотрес кој го срамни Скопје со земја сите дошле да помогнат и да ги утешат во тие тажни денови нејзе и нејзините баба и дедо.
Еден месец по земјотресот бабата и дедото одлучуваат да заминат во Изреал и таму ги погребале родителите.
Јас живеев со баба и дедо кои многу ми зборуваа за моето семејство, за мајка ми и татко ми но и за семејството кое беше изгубено пред земјотресот во Холокаустот. Околу 120 членови на нашето семејство беа загубени во Треблинка и во Холокаустот.Јас бидејќи сум единица на мене е ова сеќавање да се зачува-раскажува Леви за Пресинг ТВ.
Таа вели дека иако одамна е преселена, Македонија и е како дома и дека има две татковини. Леви, која е доктор по био статистика на еден од најголемите Универзитети во Изреал активно работи на унапредување на односите со Македонија.
Со тага се сеќава и раскажува за 63-тата и Скопје. Утрото на 26 јули во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихетеровата скала го срамни Скопје со земја и го остави градот без сите врски со светот. Под урнатините од скопскиот земјотрес животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени над 4.000 граѓани, околу 200.000 останаа без покрив над главата, 28.000 домови беа оштетени и нешто повеќе од 15.000 станови беа урнати.
Comments are closed for this post.