Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер втор ден е во Македонија.

Откако вчера имаше средба со градоначалниката на Битола и со првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев за денеска се закажани средби со премиерот Заев, спикерот Џафери, шефот на дипломатијата Димитров, лидерот на ДУИ Ахмети и со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Фокусот на разговорите на Рикер со државниот врв се очекува  да  биде евроатланската интеграција на Македонија,борбата против корупцијата и донесувањето на Законот за јавно обвинителство