Европската комисија денеска одлучи да ја тужи Унгарија пред Евроспкиот суд на правдата заради законот „Стоп Сорос“ според кој подршката на барателите на азил се смета за кривично дело.

ЕК во соопштението наведе дека и после две предупредувања, голем број од забелешките и понатаму не се земени во предвид.

Комисијата смеета дека унгарскиот закон е спротивен на европското законодавство, посебно во односот на директивите околу процедурите за азил и условите за прифаќање на азиланти, но и дека е спротивен на Повелбата за човековите права.

Со тоа што нудењето помош на барателите на азил стана кривично дело, Унгарија го ограничува правото на барателите на азил да комуницираат со националните, меѓународни и невладини организации за да добијат помош од нив.

Од друга страна, според Брисел се работи и за нелегално ограничување на правата на азил и воведување нови причини за одбивање на барањата за азил.

Според спорниот закон се воведува казна затвор до една година за секој оној кој ќе помогне на лице кое илегално влегло во Унгарија од земјите надвор од шенген зоната, освен доколку животот на тоа лице не е доведено во непосредна опасност.

Законот е именуван по американскиот милјардер од унгарско потекло Џорџ Сорос, за кој унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека работи на штета на унгарските интереси бидејќи поддржува имиграција на која унгарскиот премиер жестоко се противи.

Тој го обвинува Сорос дека преку своите невладини организации организира масовна имиграција кон земјите од Еввропската унија.