Македонската полиција пронајде 61 мигрант во товарно возило со скопски регистарски ознаки.
Од МВР информираат дека нивни службеници излегле на терен откако добиле пријава дека на автопатот Неготино – Скопје, во близина на надвозник Виничани, било забележано како од товарно возило со скопски таблички, кое било застанато, се симнуваат повеќе лица.
Возачот на камионот бил избеган, а полицајците ги затекнала само мигрантите, 45 од Пакистан, девет од Авганистан, шест од Бангладеш и еден од Индија.
За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени за понатамошна постапка во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и дел во прифатниот центар за странци во Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.