Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро неможе да биде пред колектоивното.
За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени, истакна Царовска.
Comments are closed for this post.