Во пожар што попладнево избувна на плажа во центарот на Струга, целосно изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб „Снегар“.
Пожарот е локализиран, а во пепел отидоа 33 пловни објекти, 4 мотори и целокупната документација на клубот.Од пожарот двете противпожарни екипи успеале да спасат само две едрилици. Повредени нема.
Едриличарскиот клуб има долга традиција и е гордост на Струга. Клубот е сместен на Градска плажа до хотелот „Дрим“.
Comments are closed for this post.