Полицијата на Албанија објави дека спроведува заеднички полициски вежби со колегите од Косово и од Црна Гора. Вежбите се спроведуваат во Плава во Црна Гора од 19 до 21 јули.

Во фокусот на вежбите е борбата со прекуграничниот криминал, а мотото е „Служиме преку соработка“.

Овие вежби се спроведуваат во рамката на заедничките мерки за зголемување на ефикасноста во превенцијата, откривањето и сопирањето на криминалот, нешто што може да биде создадено меѓу границата на трите држави кои учествуваат во вежбите“, објави албанската полиција.