Самопрогласениот претседател на Република Чамерија, Фестим Лато, е убиен од огнено оружје во Холандија.

Веста ја потврдила холандската полиција, додека, пак, премиерот на Чамерија, Али Алиу објави дека убиствотото е мотивирано од политички причини.

Алиу им изразил сочувство на семејството и на пријателите на Лато во Валона.

Владата на Република Чамерија предводена од премиерот Али Алиу е многу тажна и изразува сочувство до семејството на Лато како и на неговите пријатели во Валона. Убиствотото на претсдателот на Република Чамерија е сторено од политички котиви. Фестим Лато е првиот маченик на Република Чамерија“, се вели во изразеното сочувство од Алиу.

Околностите под кои е убиен Лато не се знаат.

Областа Чамерија денес е сведена на само неколку префктури од кои две се наоѓаат во Албанија и четири во Грција, во делот на Епир. Во Грција тоа име е забрането затоа што Атина тоа го поврзува со албански иредентизам.