Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со новиот случај кој го Отвори обвинитлството за организиран криминал, а за кој постои сомневање и за влученост на обвинител од Специјалното јавно обвинителство.
Пресинг ТВ ја праша Европската комисија кој е нивиот коментар за последните апсења во кои се споменува и Специјалната обвинителка Катица Јанева.
ЕУ не коментира тековни истраги – одговорија оттаму.
Кога се формираше Специјалното јавно обвинителство во 2015 година согласно Договорот од Пржино уживаше голема поддршка кај Европската унија. Амбасадори на ЕУ во неколку наврати дури стоеја рамо до рамо со Јанева давајќи и поддршка во случаите што ова обвинителство ги отвораше.
Comments are closed for this post.