Владата на денешната 144-та редовна седница, ја разгледала и усвоила информацијата за формирање Работна група за презентација на Македонија на ITU Telecom World 2019. Притоа, како што соопшти владина прес служба, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е задолжен да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, „кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво“.
„Дополнително, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата“, стои во владиното соопштение.
Comments are closed for this post.