Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници?-прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала? Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело. Ова е институционален криминал кој што невозможно е да бил спроведуван без знаење на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Впрочем и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага, туку дека знае и кои лица се кријат позади псевдонимите, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани.
Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од владата и СДСМ. Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО. Владеењето на оваа власт го бележат единствено криминал, корупција и расипништво. СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија, порачуваат од партијата.
Comments are closed for this post.