Група на германски туристи во Сплит, Хрватска седнале да вечераат во еден од најелитните ресторани. Нарачале месо, риба, пива и биле многу задоволни од услугата. Се било во ред додека не стигнала сметката за единаесетмината која изнесувала 4.527 куни, односно околу 612 евра.
Тоа им се видело многу и не сакале да платат. Почнале да негодуваат и му се заканиле на газдата да им ја намали на 300 евра, во спротивно ќе пишат негативни коментари за ресотранот на познатиот сајт „trip advisor“ на кој гостите ги оценуваат рестораните што ги посетуваат.
Газдата не сакал да чуе и наместо да се расправа повикал полиција.Но, тогаш настанал шок, полицијата застанала на страната на туристите, со изговор дека може да се жалат дека се оштетени и дека е дозволено да не ја платат сметката. На газдата му советувале да покрене приватна тужба ако сака.
Comments are closed for this post.