Лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас поднесе кривична пријава против лице кое преку социјалните мрежи му се заканувало со смрт, на неговото семејство и на соработниците, оценувајќи дека директните инспиратори на таквите закани се претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, и „неговиот режим, кој преку постојана агресија и лага вршат линч, како лично, така и преку своите таблоиди“.

„Кого го делиш ти на беззабни и на елитни … сакаш ли да те нахранам со метални кугли“, „Петти октомври никогаш нема да се повтори, но затоа ќе има реприза на 12 март 2003 година“, „Сите ќе ве заколам … и сè дома во женска облека од јасли до креветче па се до дното и под земјата“, се некои од пораките, испратени до Ѓилас од профилот на извесен Никола Пауновиќ, на Фејсбук, поткрепени со негови фотографии на кои е вооружан.

Во пораката испратена до Ѓилас преку Фејсбук, тој, меѓу другото, пишува: „Доколку дојдете во овој регион за време на парламентарната кампања, ќе ве однесат во црни вреќи санитарците и камионите за носење отпад…”

Ѓилас оцени дека добиени заканите се поттикнати од неодамнешните тврдења на Александар Вучиќ, објавени во неговиот авторски текст во Политика со наслов „Елита и плебс“, дека опозицијата политичките опоненти ги третира како „беззабни“, бидејќи потписникот на заканите ги цитира токму тие реченици од текстот на Вучиќ.

 Овие постојани поделби наметнати од Александар Вучиќ, придружени со агресија и „хушкање“ на луѓето еден против друг, не воведоа на опасен терен, бидејќи поединците тогаш мислат дека имаат право да се вооружат и физички да се справат со кој било неистомисленик, мислејќи дека со тоа чинат добри дела. Влегуваме во опасно време, режимот ја губи поддршката и меѓу граѓаните во Србија и во меѓународната заедница, и очигледно е дека се подготвени на сè, за да ја зачуваат власта. Ако на некој од нас нешто му се случи, одговорноста ќе биде на Александар Вучиќ и на сите кои според негова наредба спроведуваат линч врз политичките противници, предупреди Ѓилас во соопштението на ССП.

Свој коментар околу авторскиот текст на Александар Вучиќ во Политика денеска даде и лидерот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, кој за „Данас“ изјави дека „Вучиќ секојдневно го окупира целиот медиумски простор и дека авторскиот текст под наслов „Елита и плебес“ е посебен по тоа што Вучиќ ја изразува авторитарната и популистичката суштина на неговото владеење.

Тој се преставува како Робин Худ, а всушност е Суперхик, антијунак од култниот стрип Алан Форд, кој одзема од сиромашните, а им дава на богатите. Тој се залага за владеењето на правото, а ја узурпира сета власт и граѓаните ги третира како поданици, рече Лутовац.

Тој порача дека „овој пат нема да има опозиција на изборите ако тие не се слободни и фер, и ако најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите нема слободни медиуми и други основни предуслови за фер избори”.