Слаб ден за нашите претставници во квалификациите за Лигата на Европа. Само Шкупи е со реални шанси за пласман во следното коло откако одигра 3-3 на гости со фаворитот Пјуник.
Останатите две екипи, Македонија ЃП и Академија Пандев веројатно ќе се простат од настапите уште на стартот. Тимот од Ѓорче Петров загуби со 3-1 во Алашкерт во Ерменија и ќебиде многу тешко да ја надопони негативната од два гола.
Најлош настап вечерва имаше Академија Пандев. Во својот прв настап на европска сцена забележа пораз од Зрински со 0-3.
Што да се каже за овој меч освен дека двете екипи беа навистина слаби, и гостите од Босна и Херцеговина рутинирано дојдоа до победата.. Зрински имаше и поддршка од стотина навивачи кои дојдоа од Мостар да го бодрат својот тим кој во второто коло ќе игра со холандски Утрехт.
Comments are closed for this post.