Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.
Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји.
На средбата е констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.
Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Македонија и Руската Федерација.
Comments are closed for this post.