Премиерот Зоран Заев вели оти е сигурен дека разговарал со вистинскиот Хашим Тачи за да му ја објасни содржината на разговорот со руските комичари во кој говори за промена на границата.

Па јас го барав претседателот на Косово, господинот Хашим Тачи.Споделив чуство на моја одговорност и се извинив ако сум предизвикал непријатни чуства. Намерата е и кога разговараме ваква невнимателно разговараме на информации на медиуми, на шпекулации.Дефинитивно ние не сме вклучени во преговорите помеѓу Приштина и Белград.Нашиот став е да расте мирот, пријателството, регионалната соработка.Остануваме пријатели со Косово, драго ми е што и тој позитивно изреагира, ние сме пријателски земји и треба да сметаме на нашето взаемно пријателство- објасни Заев за разговорот со Тачи.