Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница, порача дека масакрот врз илјадниците муслимани во таа босанска енклава, како и другите масовни убиства на Балканот, остануваат неизбришиви дамки на совеста на човештвото, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека „денеска Косово е со народот на Босна, со семејствата и со нивната болка“.
На 24-та годишнина од масакрот во Сребреница им одаваме длабока почит на илјадниците жртви цивили, деца, жени, старци, невини и незаштитени луѓе. Овој масакр не потсетува на една мрачна епоха и на еден варварски чин од еден мизерен режим. Масакрот во Сребреница и другите масовни убиства на Балканот од режимот на (Слободан) Милошевиќ и неговите потчинети, остануваат неизбришиви дамки на совеста на човештвото, се додека не се спроведе правдата која и натаму ја нема, напиша Харадинај.
Comments are closed for this post.