Младата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун , Ким Јо Џонг, која во моментов ја извршува функцијата директор на севернокорејскиот Секретаријат за пропаганда и агитација, добива се поголема моќ во земјата, тврди јужнокорејската разузнавачка служба.

Ким Јо Џонг може да стане моќна речиси како и некои од највисоките помошници на лидерот Ким Џонг УН, пренесува американскиот портал УПИ.

Како што порталот наведува, таа се држела понастрана откако вториот самит меѓу САД и Северна Кореја, што се оддржа во февруари, не ги даде очекуваните резултати, меѓутоа станува се поприсутна во јавноста по изненадувачката средба на Ким со американскиот претседател Доналд Трамп во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Порталот наведува дека таа може да се најде меѓу 10-те најмоќни лица во земјата, за што впрочем говори и податокот дека пред два дена,  на одбележувањето на 25-годишнината од смртта на основачот на Северна Кореја. Ким Ил Сунг, таа била меѓу 10-те функционери со кои Ким Џонг Ун бил опкружен.

Ким Јо Џонг седела на четири места од нејзиниот брат, а според тврдењата на јижнокорејските разузнавачи, нејзината моќ очигледно нараснува.

„Судејќи според фотографиите таа го има рангот на претседателот на Народното Собрание, Чо Ронг Хае, и потпретседателот на владеачката Корејска народна партија, Ру Су Јонг“, смета претседателот на јужнокорејскиот парламентарен разузнавачки одбор ,Ли Хе Хун, кој овие информации ги добива од разузнавачките служби.