Русија треба да се преименува во Московија. Ова го изјави советникот на новиот украински претседател Володимир Зеленски, Никита Потураев, јавува Ukrlife TV, пренесувајќи ја светските медиуми.

Според Потураев, во Украина има државен украински јазик, како и малцински јазици од кои еден е и рускиот. Тој смета дека украинскиот руски е граматички различен од јазикот, што го говорат Русите.

Мислам дека треба да ги преименуваме. Треба да кажеме дека кај нас има руски, а кај нив русиски. Можеме да ги викаме Московија и не гледам што не спречува. Треба да се разликуваме, изјави Потураев.

Во Украина има повици за преименување на се што е руско или поврзано со руската држава. Веќе е донесен закон за воведување на украинскиот јазик во сите сфери на државата.