Новиoт премиер на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека ќе го исполни ветувањето и дека ќе ги намали даноците, пишува АФП.
На првата седница на новата власт, лидерот на конзервативната партија “Нова демократија” обелоденува дека до крајот на месецот ќе го презентира Законот за намалување на даноците.
Започнувајќи од 2020 година, Мицотакис планира да го намали непосакуваниот данок во недвижнините, наречен ЕНФИА – воведен за време на економската криза
Новиот премиер предложи и да го намали прагот за данокот на доход и постепено да го намали корпоративниот данок со 8%.
“Нема ниту еден ден за губење”, изјави 51-годишниот економист од Харвард и поранешен консултант на McKinsey.
Едно од ветувањата на Мицотакис за време на предизборната кампања е да се врати грчката средна класа.
Comments are closed for this post.