Малото европско кнежество Монако,  стана првата земја во Европа со целосна покриенот на 5Г мрежа, соопшти Франспрес, повикувајќи се информација од  претседателот на компанијата  на  Монако Телеком , Етиен Франци.

Кнежеството е  прва европска држава, чија територија го воспостави  новиот стандард, посочи Франци, а воспоставувањето на  мрежата е разработено и монтирано од кинеската компанија Хуавеј.

Според изјавите на директорот Франци, разгранувањето на мрежата на територијата на Монако  е дел  од планот за проширување на употребата на дигиталните технологии.

Новата мрежа ќе овозможи на Монако да се воведат бројни услуги, поврзани  со транспортот, како  и со обезбедување на општествена безбедност. Сега, на пример, пожарните служби ќе можат да користат дронови.

Монако има мала територија, што овозможува  да стане место за редица дигитални проекти и  за  развој на 5G мрежите со технологијата за “паметен  град”, посочи вицепретседателот  на Хуаавеј, Го Пин.