Малото европско кнежество Монако, стана првата земја во Европа со целосна покриенот на 5Г мрежа, соопшти Франспрес, повикувајќи се информација од претседателот на компанијата на Монако Телеком , Етиен Франци.
Кнежеството е прва европска држава, чија територија го воспостави новиот стандард, посочи Франци, а воспоставувањето на мрежата е разработено и монтирано од кинеската компанија Хуавеј.
Според изјавите на директорот Франци, разгранувањето на мрежата на територијата на Монако е дел од планот за проширување на употребата на дигиталните технологии.
Новата мрежа ќе овозможи на Монако да се воведат бројни услуги, поврзани со транспортот, како и со обезбедување на општествена безбедност. Сега, на пример, пожарните служби ќе можат да користат дронови.
Монако има мала територија, што овозможува да стане место за редица дигитални проекти и за развој на 5G мрежите со технологијата за “паметен град”, посочи вицепретседателот на Хуаавеј, Го Пин.
Comments are closed for this post.