Кабинетот на македонскиот претседател денеска од Државната комисија за спречување на корупцијата побара веднаш да ги провери наводите на ВМРО-ДПММЕ за наводниот судир на интереси на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и невладината организација на неговата сопруга.
Од кабинетот укажуваат и на политичка одговорност од „објавување непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на државата“.
Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР, кабинетот на претседателот ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш. Воедно укажуваме и на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија, особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство – се вели во соопштението од кабинетот.
Comments are closed for this post.