Претседателот на СДСМ Зоран Заев назначи уште 40 нови претседатели на општински организации на партијата откако пред две недели беа назначени 30 претседатели.
Во вториот бран назначувања беа опфатени неколку поголеми градови во надворешноста. Со прилепската организација повторно ќе раководи Миле Талески. Битолската централа, пак, ќе ја води Златко Ќурчиевски, откако Васко Талески беше разрешен и неодамна беше именуван за член на извршниот одбор на социјалдемократите. Со партиската организација во Велес ќе раководи Стево Крстевски, во Кичево таа задача ѝ е доделена на Габриела Ристовски, а во Струмица на Марјан Даскаловски.
Досегашниот прв човек на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, ќе раководи со партиската организација на СДСМ во општина Бутел.
Comments are closed for this post.