Oткако премиерот Зоран Заев го повлече својот предлог истовремено да биде и министер за финансии, фактички прв човек во ова министерство ќе биде заменичката Ширет Елези.Но во јавноста малку се знае која е Елези. Таа е кадар на ДУИ, има 38 години и е родена во Германија.
Ја извршуваше функцијата и министер за локална самоуправа (2016 – 2017 година). Нејзиното работно искуство започнува во општина Гостивар, како раководител на Одделение за финансиски прашања (2005 – 2016 година). Работела и како вонреден професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а во 2012 година и како вонреден професор на Државниот универзитет во Тетово.
Comments are closed for this post.