Две лица загинале во авионска несреќа во Сибир, Русија, при принудно слетување на еден авион, јавија руските медиуми.
Принудното слетување било применето заради механичка грешка. Во авионот имало 46 лица, меѓу нив и четирчлениот екипаж. Авионот летал на линијата од Нижнеангарск до Улан Уде.
Властите соопштија дека авионот „ан 24“ со турбопропелери пријавил механички дефект на едниот мотор по што решил да се врати на аеродромот од каде полетал во процедура на принудно слетување. Авионот ја промашил пистата за околу 100 метри и удрил во заграда за колекторски систем.
Загинале двајца членови на екипажот, додека седум лица се префрлени во болница.
По ударот авионот се запалил. Авионот „антонов“ и припаѓал на компанијата Ангара.
Comments are closed for this post.