Минатата година тероризмот и понатаму претставуваше голема закана за безбедноста во земјите членки на ЕУ, се наведува во денеска објавениот извештај на Европол за состојбата и трендовите во Унијата во областа на тероризмот.

Се укажува дека во ужасните напади се убиени 13 луѓе, а многу повеќе се повредени.

Во споредба со 2017 година, бројот на нападите и жртвите во ЕУ е значително намален, меѓутоа, бројот на осуетени џихадистички терористички заговори е значително зголемен. Земјите членки на ЕУ пријавиле вкупно 129 осуетени и неуспешни терористички напади во 2018 година.

Поради тоа, нивото на загрозеност од тероризам не е намалено, се наведува во соопштението на Европол.

Во извештајот се нагласува дека минатата година се уапсени 1.056 лица под сомнеж дека извршиле прекршоци поврзани за тероризам, од кои една петтина се жени.