Товарен воз излета од шините и се преврти кај место Храстовље во југозападна Словенија, во близина на словенечко-хрватската граница, при што од вагоните истекле околу 10.000 литри керозин.
Припадници на словенечката железница и пожарникари повеќе часови се обидувале да го спречат истекувањето на керозинот, поради стравувањата дека горивото би можело да продре до подземните води и да предизвика штети врз животната средина.
Железничката композиција од шест вагони сообраќала на релација од пристаништето Копер до Љубљана, а крајната дестинација на керозинот бил германскиот град Минхен.
Причините за несреќата засега не се познати.
Словенечките медиуми посочуваат дека возот излетал од шините во близина на месноста Рижан, каде што се наоѓа најголемиот извор на вода за пиење за населените места во словенечкиот дел на полуостровот Истра
Comments are closed for this post.