Претседателот Стево Пендаровски денеска во Берлин оствари средба со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
На средбата двајцата претседатели размениле мислења за севкупните билатерални односи, состојбите во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија и во НАТО.
„Двајцата претседатели оценија дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. Во изминатата година двете држави остварија трговска размена од 4.3 милијарди долари, а во 2019 година тој износ веќе надминува 1 милијарда долари, со што Германија е на врвот на листата на трговски партнери на Северна Македонија“, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Претседателот Штајнмајер ја потврдил цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Comments are closed for this post.