Одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ.  11 години режимот на Никола Груевски контролираше се, ВМРО-ДПМНЕ создаде криминален систем со кој го штитеше криминалот и криминалците во своите редови.

Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа.

Денес законите важат еднакво за сите и  секој за кој ќе се докаже дека е виновен сноси одговорност согласно законските норми .

Уште една лага во низата кои ВМРО -ДПМНЕ секојдневно ги шират е и наводното фалсификување на записник од страна на министерството за пријавен случај за физички напад  за што МВР веднаш излезе со демант.

Напротив, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Претходно, осуда за насилство беше упатена и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев  и од самата партија,  а воедно беше упатен и  повик истражните органи да утврдат дали и каква одговорност постои.

Ако порано полицијата под директива на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ , служела за заташкување на кривични дела, режирање на апсења и случаи, одмазди и притисоци, денес на само две години од владеење на СДСМ тоа е минато.

Надлежните ограни денес работат транспарентно согласно позитивното право и закони, во заштита на правата и безбедноста на граѓаните.