Германската компанија Фолксваген, наскоро ќе донесе конечен избор за тоа дали новата фабрика ќе ја гради во Турција или Бугарија. Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Македонија и Србија, а наскоро ќе одлучи каде ќе вложи во изградба на нова фабрика за производство на автомобили. Во конкуренција за инвестицијата на германскиот гигант беа Србија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.
Ханделсблат пишува дека Фолксваген планира да изгради нова фабрика, а изборот најверојатно ќе биде Турција, односно Измир. Стратегите на Фолксваген треба да најдат локација за новата фабрика, во земја со ниски плати и добри можности за продажба. Унгарија и Полска брзо се исфрлени од листата, затоа што платите биле премногу високи.
Владата во Анкара била подготвена да даде милионски износ на поддршка за изградба на нова фабриката за автомобили, објавува Ханделсблат од добро информирани извори.
Со таква финансиска поддршка, Турција може лесно да се спротивстави на понудите од Бугарија. Владата во Софија пак масовно го промовира формирањето на новата фабрика за производство на VW во нивната земја. Две можни локации се во конечниот избор.
“За Бугарија, вели дека државата е дел од Европската унија и на тој начин гарантира одредена правна сигурност”, рече менаџерот на Фолксваген. Сепак, разговорите со соодветните влади сé уште не се завршени.
“Преговорите моментално се одвиваат со локации во Бугарија и во Турција”, рече извршниот директор на “Фолксваген”, Херберт Диес, пред само неколку дена.
Конечната одлука ќе биде донесена во наредните недели. Надзорниот одбор исто така ќе биде вклучен.
Премиерот Зоран Заев на почетокот на годината најави дека во Македонија ќе дојде голема германска компанија со инвестиција од над 100 милиони евра. Името не го откри, а веста беше објавена како „бомба на Заев“ дека германски гигант реши да инвестира, а потоа дури беше објавено дека тој гигнат е ни помалку ни повеќе туку „Фолксваген“.
Comments are closed for this post.