Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.
За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.
Comments are closed for this post.