Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека со мерката за поврат на ДДВ, владата се обидува да манипулира со граѓаните. Како што велат од опозициската партија, власта постојано ги зголемува трошоците на живот со покачените даноци и акцизи, а истовремено ги лаже граѓаните дека им ги враќа парите.
„Со мерката за поврат на ДДВ со која власта толку се фали, наместо ветените 30.000 денари, граѓаните максимално можат да добијат 1.872 денари во годината или само 156 денари месечно.
Oваа ниска сума ја потврдуваат трошоците во потрошувачката кошничка на едно четиричлено семејство кое за да го помине месецот потребни му се 33.000 денари. Поголемиот дел на трошоци кои им се неопходни на граѓаните не се со даночна стапка од 18%, туку се со 3, 5 или 6%, па така повратот на овие трошоци е уште помал.
Според потрошувачката кошничка граѓаните трошат 42% од буџетот на исхрана, но од тоа може да земат само 104 денари месечно затоа што данокот е 5%, додека пак 31% од трошоците им одат за комунални трошоци кои не се даночат па така со 73% потрошен семеен буџет може да се земе поврат од само 104 денари.
Со парите потрошени за хигиена, јавен превоз, лекови, облека и културни активности граѓаните можат да добијат уште приближно 52 денари. Така да стигнат до мизерни 156 денари на месечно ниво кои ништо не им значат за да ги покријат зголемените трошоци за живот кои драстично пораснаа изминативе две години.
Зоран Заев и СДСМ ветуваа дека со повратот на ДДВ граѓаните во годината ќе може да исплатат кредит, да реновираат соба или да си платат годишен одмор. Но со овие средства кои реално би ги добило едно четиричлено семејство нема да може да си го плати ниту превозот, а камо ли да си дозволи да оди на годишен одмор“ – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.