Нова мерка за граѓаните, до 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини, објави преку соопштение СДСМ.

Во него се наведува дека „Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството. Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство“.

Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска  поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства.

.