Не станува збор за никаков притвор, туку за обично сослушување на сведок на инсистирање на луѓето кои ја водат истрагата“, изјави денеска Вилијам Бурдон адвокатот на Мишел Платини во врска со информациите од денеска дека поранешниот шеф на УЕФА е уапсен.
„Ова е стандардна процедура. Мишел Платини одговори на сите прашања, вклучувајќи ги и оние за условите по кои бил определен домаќинот на ЕП 2016, откако даде целосни објаснувања. Тој нема што да се грижи и тврди дека нема врска со нешта, кои не зависат од него. Тој е потполно смирен за иднината“, се вели во официјалната изјава, која неговите соработници ја испратиле до медиумите.
Француското издание „Медијапарт“ соопшти дека 63-годишниот поранешен фудбалер бил уапсен од страна на француските власти под сомневање за корупција покрај изборот на Катар за домаќин на СП 2022. Подоцна сепак истражните органи прецизираа дека Платини не е уапсен, туку само бил повикан да сведочи во врска со истрагата.
Поранешниот репрезентативец на Франција беше на чело на европската фудбалска централа од 2007 до 2015 година, кога беше исфрлен на инсистирање на етичката комисија.
Против него имаше обвинение и за тоа дека добил нерегулиран хонорар од 2 милиони долари од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Comments are closed for this post.