Тетовска Шкендија имаше среќа во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешната ждрепка тие ја добија екипата на Номе Калју.

Ова беше најлесната екипа и Шкендија е голем фаворит. Првиот меч ќе се игра на 9. јули на гостински терен во Естонија, додека реваншот е на 16. јули во Скопје.