Европскиот производител на авиони Ербас ќе започне да произведува нов авион за долги летови, кој во трговската категорија би го победил ривалот Боинг.

Ербас на денешниот саем за авијација во Париз, лансираше авион со ознаките „А321 XLR“, кој на купувачите ќе им биде достапен во 2023 година, а ќе може, како што е соопштено, да прелета до 7.560 километри во еден правец.


Шефот на продажба Кристијан Шерер не откри колку ќе чини развојот на леталото од овој тио, но рече дека ќе биде значително поевтин од правењето потполно нов авион, бидејќи станува збор за надградена верзија на постоечкиот А321.

Веднаш по објавата, компанијата Еир Лис Корпорејшн од Лос Анџелес потпиша писмо со намера за купување на 27 нови авиони на Ербас.

Агенцијата АП наведува дека и американски Боинг размислува за лансирање на нов авион кој по големина би бил сличен на еирбасовиот „A321 XLR“.

Таков авион, како што се оценува, би го пополнил јазот помеѓу помалиот модел на Боинг 737 и поголемите авиони од типот 777 и 787.